Увоз на автобуси со Еуро 2

Bez autora
Dec 11 2011

Министерството за економија со новиот Правилник за измена и дополнување на Правилникот за единечно одобрување на возило, кој е објавен во Службен весник на Република Македонија" број 169 од 7.12.2011 година, ги пропиша условите и стандардите што треба да ги исполнуваат употребуваните возила од категорија М2 и М3, (минибуси и автобуси), како и спроведувањето на постапката за единечно одобрување (хомологација) на истите. Во согласност со ова сите половни возила од категорија М2 и М3 (минибуси и автобуси) кои ќе бидат набавени до 30 април 2012 година, треба да го исполнуваат ЕУРО 2 стандардот за емисија на издувните гасови, наместо ЕУРО 3. Со оваа измена на Правилникот ќе се подобри нивото на заштита на животната средина со значително намалување на нивото на емисија на штетни гасови во воздухот, односно ќе се подобри состојба со релативно стариот возен парк на превозниците во патниот сообраќај кои вршат превоз на патници во градовите во РМ и во соседните земји, а не се во можност да набават нови возила од категорија М2 и М3 (минибуси и автобуси) поради високите цени на пазарот.

Увоз на автобуси со Еуро 2Министерството за економија со новиот Правилник за измена и дополнување на Правилникот за единечно одобрување на возило, кој е објавен во Службен весник на Република Македонија" број 169 од 7.12.2011 година, ги пропиша условите и стандардите што треба да ги исполнуваат употребуваните возила од категорија М2 и М3, (минибуси и автобуси), како и спроведувањето на постапката за единечно одобрување (хомологација) на истите.

Во согласност со ова сите половни возила од категорија М2 и М3 (минибуси и автобуси) кои ќе бидат набавени до 30 април 2012 година, треба да го исполнуваат ЕУРО 2 стандардот за емисија на издувните гасови, наместо ЕУРО 3.

- Со оваа измена на Правилникот ќе се подобри нивото на заштита на животната средина со значително намалување на нивото на емисија на штетни гасови во воздухот, односно ќе се подобри состојба со релативно стариот возен парк на превозниците во патниот сообраќај кои вршат превоз на патници во градовите во РМ и во соседните земји, а не се во можност да набават нови возила од категорија М2 и М3 (минибуси и автобуси) поради високите цени на пазарот - велат од Министерството за економија.

Со оваа мерка се очекува да бидат заменети околу 40% од минибусите и автобусите што сега се во употреба, а истите не исполнуваат ниту еден стандард во поглед на емисијата на издувните гасови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik